Колекцијата на три B.A.T. концепти од брендот на Alfa Romeo се продадени за 14.840.000 американски долари на аукција организирана од страна на RM Sotheby’s.
Станува збор за концептите BAT 5, BAT 7, BAT 9 кои се дело на дизајнерот Франко Скаљоне дизајнирани и развиени во 50-те години на минатиот век.





B.A.T концептите на Alfa Romeo
Овие концепти првично се покажани на саемот во Торино во 1953, 1954 и 1955 година и поседуваат за тогаш вонвременски дизајн кои и денес предизвикува голем интерес.
Сопственикот не е познат, но најголем интерес имало од колекционери од Њујорк, Лондон и Хонг Конг, наведуваат од компанијата.

Следете не и на:

