Овие европски земји се најнебезбедни за возење автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Земјите од источниот дел на Европа се најнебезбедни за возење гледано според бројот на смртни случаи во сообраќајот на милион жители.

Според официјалните податоци на ETSC (European Transport Safety Council), минатата година на патиштата ширум Европа животите ги загубиле повеќе од 25 илјади луѓе што е намалување во споредба со пред 15-тина години.

Најмногу смртни случаи на патиштата има во Романија и тоа 96 на еден милион жители по што следи Бугарија со 87 и Хрватска со 77 смртни случаи. Латвија е на четвртата позиција со 77 смртни случаи, а потоа следи Полска со 74.

Од друга страна, најмалку смртни случаи на патишата има во Норвешка каде минатата година забележани се 20 смртни случаи на еден милион жители. Потоа следи Швајцарија со 27 и Велика Британија со 28.

Во објавената статистика нема податоци за Македонија и останатите околни земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK