Овие автомобилски брендовите имаат најголема годишна километража?

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на автомобилите Skoda може да се пофалат дека во текот на една година изминуваат најголем број на километри. Нивните колеги кои управуваат со Fеrrаri, пак се на спротивната страна на листата.

Ова го покажуваат резултатите од проучувањето на руската аналитичка агенција „Aвтocтaт“, а истото е спроведено во периодот од јануари до октомври годинава.

Просечната годишна километража на автомобилите од брендот Skoda е 17.900 километри. Чешкиот бренд е единствениот со показател над 17.000 километри. Најблизу до него се Vоlkswаgеn, Vоlvо и Dаtsun со резултат од 16.800 километри. Од „Автостат“ објаснуваат дека лидерството на Skoda на ова рангирање е поради масовно користење на автомобилите на брендот за службени потреби, земање под наем и такси услуги.

На спротивната страна од листата се суперспортските автомобили. Сопствениците на Fеrrаri изминуваат во просек по едвај 3.000 километри годишно. Кај Lаmbоrghini годишната километража е 3.700 километри, а кај Аstоn Mаrtin, 4.100 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK