Американскиот институт за безбедност на патиштата во САД (IIHS) го објави годишниот извештај за проценка на квалитетот на фаровите на новите автомобилите. Резултатите покажуваат дека повеќе од пола од тестираните модели во 2018 година го осветлуваат патот и ги заслепуваат возачите кои возат во спротивна насока.
IIHS спроведува тестирања на фарови од 2016 година. Тогаш во тестирањата учествуваат 31 модел и 82 варијанти на техника за светлина, а за најдобри се признаени диодните фарови на Toyota Prius со функција за автоматско управување на долгите светла, а за најлоши халогените на BMW 3.
Во 2018 година во тестирањата се вклучени 165 автомобили и дури 424 варијанти на фарови. Од нив 32 модели добиваат оценка „добар“, 58 се оценети со „прифатлив“, 32 со „слаб“, а 43 се оценети со најнизок можен резултат. Тоа според IIHS значи дека 67 проценти од тестираните фавори не одговараат на потребните за безбедност.
Највисоките оценки годинава ги добија фаворите на Genesis G90 и Lexus NX. “Добри” резултати остварија опционалните светла на Chevrolet Volt, Genesis G80, Mercedes-Benz E-Klasse и Toyota Camry. Фаровите на Honda HR-V, Toyota C-HR и Infiniti QX60 се оценети како “лоши”.
Тестирањата на IIHS се спроведуваат во темница. Специјални сензори за секој тип на фавори мерат количина на светло на прав пат и четири типа на свиоци со радиус 500 и 800 стапки (152,4 и 243,8 метри).
Оценка “добар” или “прифатлив” во овие испитувања му овозможуваат на конкретниот модел да се бори за рејтингот Top Safety Pick +, врачен од институтот на автомобилите со најдобри резултати во краш тестовите.