Овие автомобили своите имиња ги добиле по риби

ОБЈАВЕНО НА:

Во светот на автомобилите, производители доделуваат најразлични имиња односно називи на своите автомобили. Некои ги нумеризираат, некои за инспирација користат имиња на градови, но има и такви кои на своите модели даваат имиња по риби.

Типичен пример е Plimut Barakuda, автомобил кој се појавил во 70-те години на минатиот век. Името го добива по Баракуда, риба која спаѓа во групата зракоперки, а којa е откриена од страна на Константин Семјуел Рафинеск во 1815 година.

Corvette Sting Ray е друг автомобил кој добива име по риба. Станува збор за рибата Batoidea односно Раи (раја), ‘рскавиччна риба со зарамнето тело.

Во 1970 година Opel по промоцијата на моделот Ascona го промовира и моделот Manta кој доаѓа како конкурент на Ford Capri. Токму името на овој модел доаѓа од истоимената риба која може да се сретне во средишниот т.е. екваторскиот дел од Тихиот Океан, Атлантскиот Океан и Индијскиот Океан.

Opel Manta A at Schaffen-Diest in 2018.jpg

И Rambler односно AMC има модел именуван по риба. Станува збор за моделот Marlin чије име доаѓа од рибата сабјарка која може да развие брзина и до 110 км/ч.

Ретко кој се сеќава на моделот AMT Pirana. Овој не толку познат модел своето име го доби од истоимената риба која може да се сретне низ реките во Јужна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK