Овие автомобили најмногу се возат во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Според Германската сојузна канцеларија за моторни возила (KBA) во Германија се возат околу 65,8 милиони моторни возила, а најголем дел од нив се патнички автомобили.

Германската сојузна канцеларија за моторни возила (KBA) ја објави најновата статистика за десетте најчести модели кои се возат на германските патишта. Според иститте податоци, во Германија се возат околу 65,8 милиони моторни возила, а најголем дел од нив се патнички автомобили.

Најчесто застапен бренд е Mercedes-Benz со 9,4% од вкупниот број на патнички автомобили. Потоа со 9,1% следи Opel додека на третата позиција е Ford со 7,3%. Во топ 5-те брендови кои најмногу се застапени се уште и BMW (6,8%) и Audi (6,8%).

Во поглед на поединечните модели, VW Golf е најзастапениот модел. Од овој модел во Германија во моментов се 3.728.097 возила. На втората позиција со 1.499.151 возила се наоѓа VW Polo додека третата позиција припаѓа на Opel Corsa со 1.193.801 примерок.

Во продолжение е целосната листа на топ 10 најзастапени модели во Германија.

  1. VW Golf: 3.728.097 примероци
  2. VW Polo: 1.499.151 примероци
  3. Opel Corsa: 1.193.801 примероци
  4. Opel Astra: 1.193.338 примероци
  5. Mercedes-Benz klase C: 1.073.056 примероци
  6. BMW Serie 3: 1.070.649 примероци
  7. VW Passat: 1.030.519 примероци
  8. Audi A4: 940.444 примероци
  9. Ford Fiesta: 876.200 примероци
  10. Ford Focus: 845.262 примероци
Следете не и на:

24AUTO NETWORK