Овие автомобили губат 70% од вредноста во првите три години

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на нов автомобил поминува низ неколку фази, а сите ние при купувањето сакаме да одбереме автомобил кој најмногу ќе ја задржи вредноста на пазарот. Нормално, тоа е така со цел да не би изгубиле многу при продажба на автомобилот, ако се решиме за тоа.

Но колку на ова се внимава при купувањето на автомобил? Кои автомобили губат најмногу од вредноста. Интернет магазинот WhatCar? направи истражување врз основа на кое ги рангираше автомобилите чија вредност најмногу паѓа во првите три години од купувањето.

Интересно е што на листата има автомобили од повеќе сегменти, од нискобуџетни па се до автомобили чија продажна вредност е над 50.000 евра.

При тоа, како што може да се види на листата во продолжение 308-та на Peugeot опремена 1.5 HDi мотор е автомобилот чија вредност во првите три години најмногу паѓа.

10. Citroen C3 (1.5 BlueHDi) –  72,6%

9. Fiat Panda (1.2) –  72,7%

8. Mercedes S Class Cabriolet (S560 Grand Edition) –  73,3%

7. Mercedes-AMG E53 –  73,7%

6. Citroen C1 (1.0 VTi 72 Feel) –  73,7%

5. Fiat 500c – 74%

4. Peugeot 108 (1.0 Allure) – 74,9%

3. Maserati Quattroporte V6d – 76,4%

2. Fiat Tipo 1.6 Multijet – 77,3%

1. Peugeot 308 1.5 Blue HDi 100 Active – 78,1%

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK