Овие 10 спортски автомобили најмногу губат на својата вредност 5 години по купувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Депрецијацијата на вредноста на автомобилот е од голема важност, особено при купувањето на нов автомобил. Токму паѓањето на вредноста по купувањето, во поголема или помала мера има големо влијание врз изборот на автомобилот што ќе го купиме.

Во едно истражување на американскиот пазар направено е рангирање на топ 10 автомобили кои губат најмногу од својата вредност, пет години по купувањето.

Така на врвот на листата се најде Maserati Quattroporte чија вредност по петтата година се намалува за неверојатни 72,2%. На втората позиција е BMW M6 со намалување на вредноста од 67,4% додека на третата позиција е уште еден модел на Maserati, моделот Ghibli чија вредност по петтата година се намалува за 65,7%.

На четвртата и петтата позиција се наоѓаат уште и BMW M5 со пад на вредноста од 64,6% и Mercedes-Benz S Class AMG со 63,3%.

До десеттата позиција се наоѓаат уште и Maserati GranTurismo (62,2%), Mercedes-Benz SL (61,5%), Audi S5 (61,3%), Porsche Panamera (59,9%) и Audi S5 (59,5%).

Во просек, вредноста на спортските автомобили по петтата година се намалува за 48%.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK