Во најновиот извештаи за продажбата и состојбата на пазарот на половни автомобили за периодот од март до јуни годинава, објавени се 10 возила кои најбрзо се продаваат во САД. Американците се мајстори за статистика, па затоа и многу често знаат да понудат различни податоци во врска со одредени работи.
На листата од Топ-10 најбрзо продавани возила доминираат SUV возилата. Најбрзо се продава Chevrolet Trailblazer за кого се потребни само 19 денови за да се продаде. На втората позиција се наоѓа Kia Telluride кому се потребни 25,7 денови. На третата позиција се наоѓа уште еден модел на Кia. Станува збор за моделот Seltos кој се продава во просек за 31,3 денови.
Во топ 5 возилата кои најбрзо се продаваат се наоѓаat уште Honda CR-V Hybrid (35,2 денови) и Hyundai Palisade (39 денови).
Најбрзо продавано европско возило, кое е единствено на оваа листа е Mercedes-Benz GLB кој се продава во просек за 40,5 денови.
Една позиција подоле, односно на седмата позиција се наоѓа Chevrolet Bolt EV кој се продава за 41,7 денови, а од 42,5 до 47,3 денови се потребни за да се продаде Toyota RAV4 Hybrud, Subaru Crosstrek, Lexus GX 460, Buick Encore GX и Subaru Forester.