Consumer Reports, американски магазин кои се издава уште од далечната 1930 година ги рангираше најдобрите и најлошите авто брендови за 2018 година. Користејќи два параметри, предвидена доверливост и сатисфакција на сопственикот и при тоа оценувајќи ги истите на Ликертова скала, Consumer Reports ги рангираше најдобрите.
По малку изненадувачки, меѓутоа на првата позиција се најде Genesis кој ужива најголема сатисфакција кај сопственците. На втората позиција со 80 поени и само еден помалку од Genesis се најде Audi, бренд кој ужива помала сатисфакција кај сопствениците од Porsche, Tesla и Chrysler.
На третата позиција со скор од 79 се наоѓа уште еден германски производител. Станува збор за BMW кој име речиси идентична предвидена доверливост и сатисфакција на сопствениците.
Во топ 10те брендови се наоѓаат уште Lexus и Porsche на 4та и 5та позиција, а зад нив се наоѓаат Kia, Subaru, Tesla, Honda и Toyota.
Од друга страна, најлоши 5 брендови се Mitsubishi, Alfa Romeo, Land Rover, Jeep и Fiat.