Целосно оклопниот (блиндиран) Cadillac беше направен за претседателот Клинтон во 1996 година…
Дали знаевте дека Френклин Д. Рузвелт (Franklin D. Roosevelt) бил првиот претседател кој имал блиндирана лимузина? Во средината на Втората светска војна, Тајната служба одлучи дека на претседателот му треба побезбедно превозно средство. Оваа традиција продолжува до ден-денес.
Сепак, не е лесно да ги „ставите рацете “ врз претседателска лимузина и да имате еден таков примерок. Тајната служба не им ги дава тие лимузини на цивилите. Но, ако се упатите на аукцијата „ Mecum “ во Кисими (Kissimmee) на 18 јануари 2025 година, можеби ќе си заминете со редок оклопен Cadillac првично направен за претседателот Бил Клинтон.
Овој целосно блиндиран Cadillac Fleetwood Brougham од 1996 година е еден од трите автомобили произведени за претседателот Клинтон кога тој ја презеде функцијата. Се одликува со повисок покрив за 3,0 инчи, врати отпорни на куршуми со дебелина од 3,0 инчи, систем за гаснење на пожар и кислород, специјални гуми и мноштво безбедносна опрема.
Под хаубата се наоѓа Chevrolet Big-Block V8 мотор кој најверојатно произведува 450 коњски сили. Лимузината има поминато само 626 милји (или нешто над 1.007 километри според наши европски мерки), што значи дека најверојатно не била користена толку многу како другите две лимузини на Клинтон, кои не се јавно достапни. Едниот е во музејот Клинтон, а другиот никогаш не бил пуштен од ЦИА ( Central Intelligence Agency – CIA). Владата на САД потрошила околу 6 милиони долари за изградба на овие три лимузини.
Едно нешто што не знаеме е колку обично чини претседателската лимузина. Стотици илјади? Милиони? Mecum дури и не наведува проценета цена на својата веб-страница.
Но, ако сте љубител на историјата или имате желба за високо безбеден начин на транспорт, можете да се упатите во Кисими, Флорида, за околу десетина дена и да се над давате за ова уникатно возило.
Официјално оваа лимузина ќе се најде на аукција веќе во сабота на 18 овој месец ( јануари).
Па, како што се вели кај нас: кој сака, а и може (гледано пред се од финансиски аспект иако сигурно ќе се гледаат и безбедносни прашања од страна на тајните служби), нека повели да се наддава и да има привилегија да се вози во лимузина на претседател на САД