Ова се земји со најопасни патишта – најмногу смртни случаи

ОБЈАВЕНО НА:

Земајќи ги во предвид податоците објавени од страна на Светската здравстввена организација (WHO) кои се базираат на бројот на смртни случаи на патиштата на 100 илјади жители, направено е рангирање на земјите со најопасни патишта.

Убедливо на врвот се наоѓа Тајланд со 36,2 загинати лица на патиштата на 100 илјади жители. На втората позиција се наоѓа Јужна Африка со 25 загинати, а во топ 3 земјите со најопасни патишта се наоѓа уште Малезија. Во оваа земја годишно, на 100 илјади жители загинуваат 24 лица во било каква сообраќајна незгода.

Бразил со 23 лица се наоѓа на четвртата позиција, прва по бројот на смртност во Јужна Америка. Потоа следи Кина со 19 смртни случаи на 100 илјади жители што во апсолутна бројка е најмногу на свет.

На позицијата број 6, а воедно и број 1 во Европа, е Русија. Во најголемата земја на светот на 100 илјади жители, во сообраќајни незгоди гинат 19 лица. По Русија, следат Индија и Колумбија со по 17 лица, Индонезија со 15 и Перу со 14 лица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK