Ова се Top-10 најскапи суперавтомобили: Од 2,6 до 25,3 милиони долари (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Канадскиот авто магазин Driving ги рангираше најскапите 10 суперавтомобили во светот во моментов. На листата се најдоа неколку, помалку познати автомобили кои чинат цело богатство.

Така најевтин од најскапите 10 автомобили е Fenyr SuperSport чија продажна цена изнесува 2,6 милиони американски долари. За 200.000 долари поскап е Rimac C_Two, а точно 3 милиони долари чинат Lotus Evija, McLaren Speedtail и Aston Martin Valkyrie.

Петти најскап автомобил е Mercedes-AMG One чија продажна цена изнесува 3,7 милиони американски долари. Koenigsegg Jesko чини 4,1 милиони долари, Pagani Huayra Roadster B.C. 4,6 милиони долари додека на втората позиција се наоѓа Bugatti Chiron кој се продава со почетна цена од 4,7 милиони долари.

Убедливо најскап автомобил е Bugatti La Voiture Noire чија цена изнесува неверојатни 25,3 милиони американски долари.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK