Ова се технолошки најнапредните автомобилски брендови – лидер е Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Американската организација J.D. Power која се занимава со најразлични интереси, а посебно поле е и автомобилската индустрија, направи ранг на најнапредните технолошки автомобили. Врз основа на ова таа ги рангираше и сите брендови застапени на американскиот пазар.

Така, врз основа на 82.527 испитаници, на првата позиција со 617 индексни поени се најде Volvo која се задржа на врвот пред Tesla со 593 поени. Сопствениците на возилата на шведскиот бренд се најзадоволни од Pilot Assist системот, системот за активна безбедност и останатата технологија.

На третата позиција се наоѓа BMW со 583 поени, а потоа следи Cadillac со 577 поени. Во топ 5 брендови се наоѓа уште и Mercedes со 567 поени.

Најдобро рангиран азијски бренд на оваа листа е Genesis кој со 559 поени се наоѓа на шестата позиција, пред Hyundai, Subaru, Kia и Nissan. Интересно е што со 495 освоени поени Toyota се наоѓа во долниот дел од табелата како и Honda додека пак Porsche со 453 поени се наоѓа а претпоследното место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK