Компанијата за спроведување на истражувања во автомобилската индустрија iSeeCars објави студија во која ги рангираше најсмртоносните автомобили во САД. Рангирањето го спроведе врз основа на бројот на смртни случаи на поминато милијарда милји.
Со 10,2 смртни случаи на лидерското место како најсмртоносен автомобил се најде Mitsubishi Mirage. Овој мал градски автомобил се најде на првата позиција пред Chevrolet Corvette кој според студијата има 9,8 смртни случаи. Бронзениот медал му припадна на Honda Fit, кај нас познат под името Jazz.
Најсмртоносната петорка ја сочинуваат уште Kia Forte и Chevrolet Spark.
Најмалку смртни случаи во топ 10-те најсмртоносни автомобили има кај Dodge Challenger кој со 5,8 смртни случаи се најде на 10-та позиција. Од 6-та до 9-та позиција се наоѓаат уште Subaru BRZ, Nissan 370Z, Nissan Versa и Kia Rio.