Ова се најпродаваните национални автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Не сите земји може да се пофалат со свој национален односно народен автомобил. Оние кои имаат се горди особено што истиот го возеле генерации и генерации на луѓе.

Дали знаете кои се најпродаваните национални автомобили во Германија, Италија, Франција, Шпанија, САД, Романија, Чешка, Јапонија?

Претпоставките за Германија се дека најпродаван национален автомобил е VW Beetle и VW Golf. Според податоците со продадени над 27 милиони возила, најпродаван германски автомобил е VW Golf кој се продава уште од 1974 година кога беше претставена популарниот “кец”.

File:Vw golf 1 v sst.jpg

Со продадени над 13 милиони примероци, најпродаван национален француски автомобил е Renault Clio кој во својот сегмент е неприкосновен уште од 90-те години. Fiat Uno иако произведуван само во периодот од 1983 до 1995 година сепак е најпродаван италијански автомобил додека Чесите се горди на Skoda Octavia која е продадена во повеќе од 6 милиони примероци на глобалниот пазар.

File:2013 Renault Clio (X98) TCe 90 hatchback (2013-06-17) 01.jpg

Со нешто над 4 милиони примероци шпански бестселер е Seat Ibiza. Во Романија тоа е Dacia 1300 со над 1 милион продадени примероци само во Романија. Популарната “пегличка” е најпродаван национален автомобил во Полска. Овој автомобил во периодот од 1973 до 2000 година е продаден во 3.318.674 примероци само во Полска.

File:Polski Fiat 126p rocznik 1973.jpg

Во Велика Британија убедливо на врвот е Mini со продадени 5.505.874 примероци. Повеќе од 35 милиони примероци од 12 генерации се произведени и продадени од F серијата на Ford што го прави најпопуларен односно најпродавано американско возило.

Со повеќе од 44 милиони примероци, најпродаван национален јапонски автомобил е Toyota Corolla. Овој модел во моментов го држи и подиумот на листата најпродавани модели во Светот.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK