Ова се најпродаваните автомобили во првите три месеци годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Мај е месецот кога секогаш се сумираат финансиските и продажни перформанси за првиот квартал во годината. Секогаш најголем интерес предизвикува глобалната листа на продажба особено најпродаваните, а со тоа и најпопуларните десет автомобили.

Во првото тромесечие со вкупно продадени 282.637 возила на првата позиција се најде новата генерација на Toyota Corolla. На втората позиција со продадени 252.013 автомобили се најде Ford F series додека на третата позиција Honda Civic со 203.103 продадени автомобили.

Најдобрата петорка ја сочинуваат уште Honda CR-V на четвртата и Toyota RAV4 на петтата позиција. Најдобро продаваниот европски модел е Volkswagen Golf со продадени 177.503 автомобили. Зад овој модел следат уште два на германскиот производител и тоа Tiguan и Polo со продадени 173.058 односно 167.888 примероци.

Најдобрата десетка ја сочинуваат уште Toyota Camry со продадени 164.158 автомобили и Volkswagen Lavida на десеттата позиција со продадени 143.686 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK