Ова се најпопуларните половни возила во Германија во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Германија е еден од најголемите пазари, не само за нови туку и користени возила. Честопати продавачите на половни возила велат дека тоа возило е увезено од Германаија сакајќи да покажат дека автомобилот прво е квалитетен, сервисиран редовно и со вистинска километража.

Па и оние што самоиницијативно заминуваат во странство за купување половен автомобил ја одбираат Германија.

Моделот VW Golf сè уште e најпопуларен половен автомобил во Германија. Во првите десет мееци во 2019 година. меѓу најполураните има некои возила што не се очекувание. Се разбира најповолните користени автомобили не се странски брендови, туку само од германските производители.

Според порталот за користени автомобили AutoScout24, моделот Golf се продава преку интернет во просек за нешто помалку од 15,000 евра.
Потоал следува Audi A4 (18.618 евра) и Audi A3 (16.555 evra). На четвртото место повторно е автомобил со четири прстени на решетката на радијаторот – А6, кој се нуди во просек за 26.066 евра.

Следува BMW Серија 3 (14,755 €) во областа на особено популарни половни автомобили можат да се најдат и М изведба. Моделите на Opel се многу поевтини за купување, и според AutoScout24 средната цена по која се продаваат е 10.192 евра, и тоа за моделот Astra. Молаиот модел Corsa има цена од 7.620 евра меѓу најпопуларните возила во 2019 година.

VW Polo е на седмото место меѓу двата модели на Opel, со просечна цена од 9.249 евра. VW Turan (16. 389 евра) заврши на деветтото место, пред варијантата на VW Passat (17.389 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK