И на социјалните мрежи производителите ја водат битката за докажување на својата популарност. Така последната анализа ни ги покажува 10-те најпопуларни автомобили на Instagram.
На десеттата позиција со 2,900,314 споделувања се најде Audi R8 автомобил кој на оваа позиција се најде зад Lamborghini Aventador кој има 3,085,336 споделувања. Од осмата до шестата позиција се наоѓаат BMW M4, Chevrolet Corvette и Chevrolet Camaro со од 3,432,052 до 4,686,369 споделувања.
Најдобрата петорка започнува со Jeep Wrangler чиј хаштаг #JeepWrangler и #Wragnler е користен 5,137,019 пати. Хаштагот на BMW M3 е споделуван 5,817,457 што е доволно овој автомобил да се позиционира на четвртата позиција, зад Nissan GT-R со 7,019,123 споделувања.
Убедливо на првата позиција со 11,947,872 споделувања се најде Ford Mustang, кој на врвот заврши пред Honda Civic со 7,402,365 споделувања.