понеделник, 25 декември, 2025 година

Ова се најопасните улици за возење во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според најновите објавени податоци од МВР во 2018 година Скопје останува како подрачје со најмногу сообрачајни незгоди со полесни и потешки повредени лица. Има тренд на намалување.Само на подрачјето на Скопје имало 36 загинати лица и 2.146 повредени. Од нив 1897 лесно повредени а 249 тешко повредени.

Во Македонија пак во 2018 година настрадале 5.993 лица, или 386 помалку споредбено со претходната година. Во сообраќајни незгоди 5.860 лица биле повредени, од кои 831 лице со тешки повреди, а 5.029 со полесни повреди, додека живото го загубиле 133 учесници во сообраќајот.

- Advertisement -

Како критично подрачје со најмногу загинати лица останува Скопје каде најголем дел од незгодите се случиле во населените места. Најзагрозени улици каде имало и најмногу загинати лица се булеварите: „Александар Македонски“, „АВНОЈ“, „Никола Карев“, „Србија“ како и улиците „Благоја Стефковски“, „Јадранска Магистрала“, „Првомајска“ и „Кемал Сејфула“.

Најновата анализа на МВР вели дека најголем дел од незгодите се случиле на подрачјето на Скопје (38,8 од вкупниот број), но сепак нивниот број е намален во однос на минатата година (2017). Најмногу незгоди со потешки повреди имало во Скопје – 1.452, и нaјмногу загинати – 32. На второ место според сообраќајки со потешки последици е Тетово – 451 (15 загинати), а Битола – 371 (18), а најмалки имало во Велес – 288 (4).

Според временскат рамка, најмногу незгоди низ улиците во населените места се случиле во утринските часови во време од 6 до 8 ласот, и во попладневните ласови во период од 16 до 18 часот. Критичен период на патиштата надвор од населените места е 14 до 17 часот. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случиле во понеделеники сабота (над 550), а најмалку во недела (502).

Управувањето со возило со брзина поголема од дозволената е причина број 1 за случување н а638 незгоди во кои загинале повеќе од 32 отсто од лицата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја