Ова се најлудите градови за забава во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сакате луди ноќни проводи и излегувања кои никогаш нема да ги заборавите тогаш сигурно ве интересира и кој град ја понесе титулата за најлудиот во светот.

На врвот на листата се најде Манчестер, а при истражувањето биле опфатени 112 града од целиот свет. Притоа се гледала консумацијата на алкохол, марихуана, кокаин, бројот на ноќни клубови со оглед на вкупната популација во градот.

Манчестер се покажал како „најзелениот“ град со 2,3 тони канабис потрошени на 100.000 луѓе, а има и најголем број на клубови со оглед на бројот на жители и тоа 818 клуба на секои 100.000 жители.

На 2. место се најде Вашингтон, а следуваат Мајами, Сиетл, Сан Франциско. Во топ 10 се најдоа и Лидс, Денвер, Бостон, Париз и Лион.

Секој град добивал оценка од нула до три, а нулата означувала потполно мирно опкружување, додека три значела тотално лудило.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK