Ова се најдолгите 5 тунели во светот (видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Тунелите и не се баш популарни кога е во прашање патувањето. Причината е што не нуди никакви возбудување, а ниту поглед кон околината.

И покрај тоа, грандиозноста на истите произлегува од должината на истите тие тунели.

Во продолжение ви ги претставуваме најдолгите тунели во Светот.

Ст. Готард (Швајцарија) – 16,91 км

Долго време (од 1980 до 2000 год.) најдолг тунел беше Ст. Готард во Швајцарија. Овој тунел изграден во 1980 година ги поврзува Ури и Тичино.

Gotthard Road Tunnel Switzerland.jpg

Џинпингшан (Кина) – 17,54 км

Со должина од 17,54 км на втората позиција се најде тунелот Џинпингшан во кинеската провинција Сичуан. Овој тунел се изграден во 2011 година и е со вкупно 4 ленти, по две во двата правци.

Жонгнаншан (Кина) – 18,04 км

На оваа листа се наоѓа уште еден кинески тунел. Станува збор за тунелот Жонгнаншан во централниот дел од земјата изграден во 2007 година. Должината на овој тунел изнесува 18,04 км и располага со вкупно 4 ленти, по две во двата правци.

https://youtu.be/KM27_WNcIu8

Џамате (Јапонија) – 18,20 км

Изграден во 2010 година, тунелот Џамате со должина од 18,2 км и две ленти е најдолгиот во Јапонија и Азија. Бидејќи овој тунел поврзува населби во Токио важи истовремено за најдолгиот градски тунел во Светот.

Shutoko-YamateTunnel.JPG

Лердал (Норвешка) – 24,51 км

На листата најдолги тунели е тунелот Лердал кој се наоѓа во јужниот дел на Норвешка. Вкупната должина на овој тунел изнесува 24,51 км и е дел од автопатската делница Е16. Сепак овој тунел уште кратко ќе се наоѓа на оваа позиција бидејќи во моментов во Норвешка се гради уште подолг тунел чија должина треба да изнесува 26,7 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK