Ова се најдобрите три семејни SUV возила според Autocar

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпопуларните британски портали и магазини за автомобилизам, Autocar направи рангирање на најдобрите три семејни SUV возила.

При тоа при рангирањето во предвид се зема пространоста, градското возење, возењето по угорнини, возењето во зимски услови, но и стилот, сигурноста и удобноста.

Едно од трите места му припадна на Audi Q5. Како елегантен и беспрекорен SUV, ова возила е иделано за семејство кое сака повеќе практичност и пространост. Autocar ја рангираше plug-in хибридната верзија од овој модел на оваа листа.

Место на листата има и за “помалиот” BMW X3. Дури при лансирањето на овој SUV од средна големина, инжинерите на BMW наведоа дека е првенствено создаден за комфорност во долгите семејни патувања и вистинско задоволство при возењето на градските услови. Се чини дека ова најдобро го препознаа и едиторите на Autocar.

Трет член на топ 3 семејните SUV возила е и Jaguar F-Pace. Без разлика дали на патриотска основа, сепак овој модел се најде на оваа листа, а од Autocar велат дека тоа е така поради одличниот изглед и просторноста во внатрешноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK