Ова се најдобрите мотори на годината

ОБЈАВЕНО НА:

И оваа година како и години наназад се прогласија најдобрите мотори во светот. Апсолутната доминација и натаму ја продолжи Ferrari чиј 3.9 литарски twin-turbo V8 мотор беше прогласен за најдобар.

На втората позиција како позитивно изненадување се најде електричниот погод кој Jaguar го има вградено кај моделот I-Pace. На оваа позиција овој мотор заврши пред 4.0 литарскиот biturbo V8 мотор кој Mercedes-AMG го има вградено кај моделите GT, GT S, GT C, GT R, S, C, E, G, GLC, Maybach S, а се користи и кај Aston Martin Vantage и DB11.

Покрај овие мотори, во конкуренцијата за избор беа уште 2.5 литарскиот turbo мотор на Porsche, 2.0 литарскиот четирицилиндарски TFSI мотор кој се користи кај голем дел од моделите на Audi како и 1.0 литарскиот трицилиндарски turbo бензински мотор кој се користи кај новиот Ford Focus.

Токму и овој, последниов мотор ја освои и првата позиција во класа на мотори до 150 КС, додека во конкуренција на мотори од 150 до 250 КС првата позиција припадна на 2.0 литарскиот TFSI мотор на Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK