Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, врз основа на податоците за периодот од 2010 до 2019 година ги сумираше причините за најчести сообраќајни незгоди.
Очекувано, најчеста причина е управувањето с обрзина поголема од дозволената. Оваа причина била главна кај 8.696 од сообраќајните незгоди со потешки последици во изминатите 10 години.
Како втора причина која е установена кај 6.107 од сообраќајните незгоди, е недавањето првенство на минување. Доста честа, поточно трета, е недржењето страна и правец на движење.
Во топ 5 причини се наоѓаат уште и неправилното движење односно свртување како и управувањето под дејство на алкохол. Оваа причина предизвика 2.120 од сообраќајните незгоди.