Ова се најбезбедните дестинации за патување во време на коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот дефинитивно влијаеше негативно врз сите планови за летување. Поради пандемијата, многу земји имаат рестрикции за патување, а летувањето е значително ограничено. EBD (European Best Destinations) направи листа на најбезбедни дестинации во време на коронавирус кои може да се посетат во Европа.

Со оглед на тоа што во Грузија стапката на заболени од Ковид-19 е на најниско ниво во Европа, како можна дестинација за посета е главниот град Тбилиси во кој може да се сретнат многу знаменитости.

Батуми е вториот град од оваа земја предложен на листата на EBD. Ова популалрно летувалиште на Црното Море нуди одлични песочни плажи, знаменитости, а околината изобилува со природни богатства.

Грција е на прагот да прогласи победа над коронавирусот. Бројните туристички дестинации на Егејското и Јонското море се идеални за летување во време на Ковид-19. Крв и Превеза се двете места од оваа земја кои се најдоа на оваа листа.

Цавтат, Риека и Загреб се трите дестинации од Хрватска кои се најдоа на оваа листа, а тука е и црногорскиот град Котор кои според авторот на сторијата ќе ги задоволи сите потреби од летување, без страв бидејќи Црна Гора е земјата со најмалку активни случаи во Европа.

Cavtat village.JPG

И Португалија е застапена со три дестинации: Азорските острови, Алентежо и Алгарве. Песочни плажи, чиста и бистра вода е она што ве очекува во овие три дестинации. При тоа нема потреба од страв бидејќи во оваа земја има и за 40 пати помалку заболено од Коронавирус во споредба со останатите европски земји.

Coronavirus - Safest Destinations in Europe - Copyright Pawel-Kazmierczak - European Best Destinations

Доколку не сакате да ризикувате на преполни плажи тогаш можете да посетите некоја од градските дестинации во земјите со релативно мал број на заболени. Во тој поглед на листата предложение се Варшава и Гдањск (Полска), Виена (Австрија), Рига (Латвија), Вилнус (Литванија), Сибиу и Орадеа (Романија).

Coronavirus Safest Destinations in Europe - Gdansk coronavirus copyright Patryk Kosmider - European Best Destinations

Доколку сакате да уживате во природата тогаш можете да ги посетите Оулу (Финска) и Бохињ (Словенија).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK