Ова се главните грешки при возење на дожд

ОБЈАВЕНО НА:

Управувањето на автомобил за време на дожд не е така сигурно, а тоа е добро познато за секој. Сега е најавено заладување и време полно со врнежи, а користењето на автомобилот и по вакво време е потреба.

Многумина од возачите на моторни превозни средства често прават грешки, кои во многу случаи се опасни по живот, како за возачот така и за патниците и другите учесници во сообраќајот.

Дел од овие грешки можете да видите и во продолжение.

Не штедете на климатизација
Кога надвор е топло, а во исто време врне дожд  тогаш многу често стаклата на автомобилот веднаш се замаглуваат. Кога не е навистина жешко, многу возачи не пуштаат клима во автомобилот, но при дожд истата треба да биде вклучена. Сувиот воздух многу побрзо ќе ги зафати стаклата и така ќе се подобри видливоста.


Не возете брзо
Дури и да сте со комплетно нови летни гуми, влажниот коловоз значително го намалува контактот на тркалата со патот. Ако ја намалите брзината за време на дожд ќе го избегнете таканареченото активно запирање, кое во многу случаи не се остварува на влажно така како што очекувате.

Намалете брзина при минување низ барички
Скокањето во баричките може да биде забавно, но преминувањето низ нив со висока брзина е опасно. Често се добива таканаречениот аквапланинг, а тој го претвора возачот во гледач. Аквапланингот е реална закана во доцното лето и во есента. Кога шарата на гумата не може да ја исфрли целата вода, која се наоѓа меѓу гумата и патот, се губи „интеракцијата“ меѓу двете и контактот исчезнува.

При побрзо возење, водата од паричките на патот се активира во сопирачките и тие можат да престанат да дејствуваат кратко време, но тој краток период може да биде фатален.

Брзото преминување низ барички може да донесе и до хидро удар (забивање на водата). Кога возачот ќе премине низ баричка има опасност водата, која се крева нагоре во автомобилите со понизок филтер за воздух, а оттаму да оди директно во цилиндарот. Клипот, кој во овој момент, по команда на педалот за гас се движи со брзина од 6.000 вртежи во минута се судира со водата, која како што знаеме не се намалува.

Внимавајте со пешаците

При дожд повеќето пешаци користат чадори и разни мантили со капа, кои значително ја намалуваат видливоста. Покрај тоа во повеќето случаи пешаците брзаат, за да стигнат до место каде е суво и не се добро прилагодени на условите на патот. Затоа возачите треба да бидат повнимателни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK