Ова се финалистите за “Светскиот автомобил на годината 2020”

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално организациониот одбор на престижната награда “Светски автомобил на годината” во овој период од годината ги објави финалистите во шестте категории.

Така во категоријата на “Автомобил на годината” за првата позиција ќе се натпреваруваат:
Hyundai Sonata, Kia Soul EV, Kia Telluride, Range Rover Evoque, Mazda 3, Mazda CX-30, Mercedes CLA, Mercedes GLB, Volkswagen Golf и Volkswagen T-Cross.

Во категоријата на “Урбан автомобил” силите ќе ги одмерат: Kia Soul EV, MINI Electric, Peugeot 208, Renault Clio и Volkswagen T-Cross.

BMW X5, BMW X7, Mercedes EQC, Porsche 911 и Porsche Taycan ќе се натпреваруваат за признанието “Луксузен автомобил на годината”, а за епитетот најдобар спортски автомобил номинирани: BMW M8, Porsche 718 Cayman/Spyder GT4, Porsche 911, Porsche Taycan и Toyota GR Supra.

Во последната категорија за најдобар дизајн во финалето ќе се натпреваруваат Alpine 110S, Mazda 3, Mazda CX-30, Peugeot 208 и Porsche Taycan.

Победниците ќе бидат прогласени на 20 април во рамките на саемот за автомобили во Њујорк.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK