Новите податоци велат дека осум од десетте најпрометните меѓународни авионски линии од европските аеродроми се од Хитроу. Аеродромот во западен Лондон е најголемиот во Европа според бројот на патниците. Според сајтот Routesonline тој исто така доминира во меѓународните маршрути, кои превезувале најголем број на патници во 2018 година.
По повод годишната конференција за европски патувања во Хановер, сајтот направи рангирање користејќи информации од Saber Market.
На првото место се наоѓа линијата од Хитроу до Њујорк JFK.
Осум илјади патници над ен во просек летаат на оваа дестинација. Два од пет од летовите се на British Airways. Virgin Atlantic има 28,5% од капацитетот на летовите во оваа насока, American Airlines – 20,6% и Delta – 10,2%.
Летот Лондон-аеродром JFK е пред летот Лондон-Дубаи, кој останува на 2. место.
На 3. позиција е линијата Хитроу-Дабли, која е единствената во која целосно се опслужува International Airlines Group, сопственик на Aer Lingus и British Airways, единствените авио компании на оваа линија. Тие во просек на ден превезуваат по 5.000 патници.
Првата линија, која не е од Хитроу,е од аеродромот Кемал Ататурк во Истанбул до Техеран, која превезува 4.800 патници на ден. Таа линија е под број 4 во рангирањето на најпрометни европски линии.
Следните четири места одново се од Хитроу и се линии кон Амстердам, Лос Анџелес, Сингапур и Хонг конг. Деветтата позиција е за летото Париз (Шарл де Гол) до Њујорк JFK, со просек од по 4.250 патници. Со исклучок на Хитроу, Њујорк JFK е единствениот аеродром кој се наоѓа на повеќе од едно место во табелата.
Десеттото место е за летот меѓу Хитроу и Франкфурт.
Routesonline исто така вели дека европските авио компании имаат највисок среден оптоварувачки фактор за секој регион во светот и е 85%. На типичен авион со 200 седишта тоа значи дека 30 места се празни.