Иако спаѓаат во најмалите земји во Европа, според површината, а воедно и најмалите во Светот, сепак овие земји криjат бројни природни и културни знаменитости. Ако ги посетите сигурно нема да зажалите со оглед на тоа што се можете таму да видите и одлично да си поминете.
Сите ги знаеме поради најразлични причини и сите се помали од Македонија, но во три од овие земји има повеќе хотели отколку во Македонија, на пример.
МОНАКО – 2.02 км²
Луксузни ресторани, хотели, казина, тоа е она што може да го видите тука. Како често посетувано место од мултимилионерите, Монако е идеално место за неколкудневна пауза по долгите крстарења на медитеранот со луксузни јахти.
САН МАРИНО – 61 км²
Оваа земја опкружена со Италија има 30 илјади жители. Архитектурата, но и традиционалната кујна е идентична како и италијанската, а старите цркви и градби ќе ве остават без зборови. За оние вљубеници во автомото спортот тука се вози и трка од Формула 1 шампионатот.
ЛИХТЕНШТАЈН – 160 км²
Лоцирана помеѓу Австрија и Швајцарија, ова е најмалата земја во која се збори германски јазик. Токму поради влијанието на Германија и околните земји, во оваа земја може да се најдат многу градби со архитектура идентична како и во Германија.
Планините и зелените ливади се идеални за пешачење и планинарење, а загарантиран е и свежиот “алпски” воздух.
МАЛТА – 316 км²
Доколку сакате сонце, плажи, медитеранска храна комбинирани со супер вкусни коктели тогаш Малта е идеална земја.
АНДОРА – 468 км²
Андора е сосема друга приказна. Ниските цени на алкохолот, јадењето, и релативно ниските цени на хотелското сместување прави да оваа земја е често посетувана, особено од туристи од Шпанија и Франција.
Природните убавини воопшто не недостасуваат, а ски терените прави да во зимскиот период е посетувана од бројни вљубеници во зимските спортови.