Ова се 13 работи кои го излудуваат секој корисник на нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Дали некогаш сте си поставиле прашање дали вашиот нов автомобил, полн со смарт технологија е попаметен од вас? Или можеби неколку работи во таа модерна ера на wirelessa, паметни системи и технологија едноставно ви одат на нерви?

Навистина, многу од тие модерни системи и технолошки новитети се корисни и атрактивни, но сè додека функционираат. Често голем дел од нив не ни требаат, уште повеќе, некои дури и не вознемируваат и непотребно ни ја одземаат комоцијата која ни е потребна во автомобилот.

Големо истражување на британскиот бренд Carbuyer открива кои системи и технологии најмногу ги нервираат возачите, но само „убедливиот победник“ навистина за право чудо нема директна врска со таквата модерна технологија.

13.Осветлување на амбиентот

Сина, црвена, розе или виолетова… Свети вратата, свети и под вратата, над вратата, сè свети како за Божиќ. Автомобилите на многу произедувачи имаат удобно осветлување на околината, но некои и претеруваат. Автомобилот не е диско клуб, сметаат испитаниците.

12.Пресилни светла

Со развојот на LED светлата се појавија и проблеми во возењето, со оглед на тоа што многу возачи се жалат дека се пресилни или премногу блескаат. А добро е да се внимава и на претерана употреба на стоп светлата ноќе бидејќи тоа може да ги излуди возачите зад вас.

11.Преголеми клучеви

Клучевите се тука за да го отклучуваат автомобилот, но некои веќе стануваат мали мултимедиски станици кои дополнително го оптоваруваат возачот. Не само со тежината туку со бројот на дополнителни функции. А возачите сакаат само да го отклучат и заклучат автомобилот.

10.Контрола на звукот

Иако направиле голем чекор напред во последните неколку години возачите кои не се од англиско говорно подрачке најчесто имаат проблеми во комуникацијата. „Pipl mast trast as“ квалитетот на англискиот јазик автомобилските системи, сепак, не го разбираат најдобро.

9.Контроли на екранот на допир

Многу производители имаат контрола на многу ситеми во автомобилот по пат на екрани на допир. Изгледаат одлично, добри се за употреба, но им се допаѓало тоа нив или не, секако многу повеќе го одвраќаат вниманието од возењето. Тоа значи и дека има поголем ризик за сообраќајна несреќа.

8.Укажување на напуштање лента

Dreamstime исто така е една од функциите кои возачите ја исклучуваат кога влегуваат во нов автомобил. Системот им пречи на многу возачи, но кога воланот ќе почне да се тресе, сијаличката да свети или сигналот да пишти секој пат додека на автопатот се менуваат ленти, тогаш возењето не им е удобно.

7.Стартување на возила без клуч

Финта е да се стартува автомобил со притискање на копче. Така се чувствуваме многу подобро. Сепак, дали тоа е и попрактично? Тој клуч треба некаде да се стави, а колкупати го имате заборавено кога сте излегле од автомобилот и сте се враќале по не?

6.Непрецизен систем на навигација

Пресметувам, пресметувам… и додека таа пресметуа ние веќе сме на ливада… Малку претеруваме, но зарем на секој му се нема случено саканата навигација некој пат да не изневери во незгодна ситуација и момент.

5.Претерани звучни предупредувања

Вратата е отворена. Немате вклучени светла, кучето ви е на страничното седиште и не е заврзано, надворешната температура предупредува на замрзнување… Тоа се некои од десетици звучни игнали и предупредувања со кои во автомобилот се среќаваат возачите. Секоја чест на нивото на безбедноста, но што е многу – многу е.

4.Електронски сопирачки за паркирање

Една од „потешките“ работи на кои возачите се навикнуваат е автоматската рачна кочница. Целиот живот ја „повлекувале рачната“, а сега и тоа мина во доменот на новата технологија. За нив, можеби и непотребно бидејќи и онака треба да надминат премногу.

3.Влегување без клуч (5%)

Возачите признават дека составот е добар кога носи многу работи, па без да се копа по џебовите автомобилот сам се отклучува. Меѓута, автомобилот со овој систем многу почесто го крадат бидејќи сигналот со клучот може да се пресретне. Сигурно сте виделе снимка од тоа како крадците го засилуваат сигналот и го отвораат автомобилот, па потоа им е полесно да го укадат.

2.Систем старт-стоп (7 %)

Многу испитаници признаа дека една од првите работи кои ги прават во нов автомобил е исклучување на системот старт/стоп. Иако е предвиден да ја смали потрошуачката на гориво, многу возачи никога не го прифатиле. И многу поради тоа барем еднаш биле во незгодна ситуација.

1.Недостаток на резервно тркало со одговарачка димензија (65 %)

Ова е убедливиот „победник“ во ова истражуање. Речиси на две третини од испитаниците најмногу им пречи што немаат тркало бидејќи ќе им затреба во некој момент. Тоа главно го зборуваат од искуство. Денес во автомобилите се штеди простор во багажникот или има друга намена, а авко ви пукне гума – повикајте помош!

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK