За разлика од Ferrari и Porsche, автомобилите на Maserati не достигнуваат често милионски суми на аукции.
Сепак моделот MC12 Corsa е еден од ретките исклучоци. Овој автомобил се продава за 2,7 милиони американски долари. Но што добивате за оваа сума?
Најпрво добивате еден од 50-те произведени примероци кои е дизајниран по пример на Енцо Ферари што го прави овој автомобил еден од најретките.
Опремен е со 6,0 литарски V12 мотор кој може да продуцира максимални 755 КС при 8.000 обртни моменти. Тежи 1.150 км, а до 200 км/ч забрзува за само 6,4 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува неверојатни 326 км/ч.
Инаку овој автомобил е произведен во 2004 година. Токму тоа што станува збор за автомобил со 16 години старост се поставува прашањето дали оваа цена е реална односно дали овој автомобил вреди за тие пари.