Ова фиќо нема цена (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ентузијастот од Смедерево, Душан Јакшиќ е одново во центарот на вниманието бидејќи е еден од ретките кои се нафатиле на сериозен потфат изработувајќи макета на еден од легендарните автомобили на поранешна Југославија. Zastava 750 или популарното фиќо беше предизвик за Јакшиќ, па тој во деведесеттите години на минатиот век две години работел постојано на изработка на макетата за која вели дека нема цена.

„Ми нудеа и пари за него, но од своето фиќо никогаш нема да се одвојам. Навистина сакам фиќо, а имам и едно вистинско“, вели Душан.

Вели дека правењето на секој елемент од оваа макета го сфаќал како некој вид на игра. Се снаоѓал на секаков начин за да успее да направи делови кои ќе бидат автентични на оригиналите.

„Ништо не ми беше тешко. Сè ми беше многу интересно и ми претставуваше предизвик. Тогаш беше навистина голем предизвик да се најде начин како се направи некој дел во она време кога не беа достапни толку работи како денес. Уживав во тоа да ги решавам проблемите и да импровизирам“.

Изработката на макетата траела од септември во 1992 до март во 1994 година, но тешко е да се даде вистинскиот одговор за работните часови бидејќи Јакшиќ некогаш работел по цел ден, а некогаш само попладне.

Пред фиќото направил макети и од моделите Opel Olympia од 1957, Chevrolet Bel Air од 1957 и Cadillac Eldorado од 1960 година. Сите се направени во размер 1:43, додека фиќото е со размер 1:11 и за него се дели дека е технички најнапредна макета.

Од што и како е изработено фиќото?

„Каросеријата е самоносечка. Прво го направи костурот. Основните профили, профилот за врска со предниот браник, централниот профил, задниот попречен и задниот за врска се од поцинкуван лим со дебелина од 0,5 mm. Предната и задната внатрешна конструкција, како и подот се од картон со дебелина од 1 mm. Потоа ги поставував кровот, крилата, предниот лим… Надворешните панели ги изработив од ултратенка хартија од пет слоеви кои се полнети со струготини (таканаречена хартија восок техника). Секој панел е работен посебно. Калапот за негово обликување го изработив со помош на цртеж во ортогонална проекција, а потоа направив картонски костур и го исполнив со гипс и го обработив“, вели Јакшиќ.

Појаснува и дека инсистирал вратите да се отвораат исто како кај вистински автомобил кога ќе се повлече кваката. Истото важи и за задната хауба, а за да се отвори предната треба да се повлече рачка под инструмент таблата. Просторот за моторот е изработен од картон и дрво. Главата на моторот и поклопецот на вентилот се од дрво, исто како и карбураторот, пумпата за гориво, пумпата за вода… Браниците се од дрво и се обложени со алуминиумска фолија. Фаровите се изработени од картон и се обложени со алуминиумска и PVC фолија.

Како се прославила макетата?

Патот до прославувањето на макетата бил долг, но и претходела друга макета на фиќо од 1964 година.

„Тоа беше друга макета. Ја испратив на конкурсот за макети на автобили за 100-тата емисија SAT. Се надевав на награда, но првото, второто и третото место беа доделени на други изработки на мое големо разочарување. Сепак, потоа добив посебна награда надвор од конкуренција бидејќи мојата макета беше многу подобро изработена“, коментира Јакшиќ.

Во март во 1994 година бил повикан на саемот за автомобили да ја изложи својата макета, но тој ја понел и новата, која била мноду добро прифатена, а ја изложувал на саемот и во следните неколку години.

Награда добил и од фабриката за автомобили Zastava во која бил повикан да го види комплетниот процес на производство и да го посети институтот за развој.

Последен пат макетата ја изложил на саемот во 2003 година пред друштвото на вљубеници во фиќо „Национална класа“ од Земун.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK