Напредокот во технологијата и металните склопови со висока јачина дозволуваат експерименти со до пред извесно време невозможни конкструкции. Англискиот пронаоѓач, Џејмс Робертс, на пример го има развиено велосипедот со уникатна шема на контрола на две тркала, кој демонстрира неверојатен маневар.
Според признанијата на создавачот Hеlyx не се вози никако лесно. Велосипедот така или инаку не е наменет за вљубениците на неделните прошетки во парк, туку за екстремни велосипедисти. Покрај тоа задната вилушка може да се фиксира така што тркалото нема да може да се свитка.
Hеlyx тeжи 13 килограми, а конструкцијата издржува и велосипедисти до 100 килограми. Во платформата за колективно финансирање каде што собира пари за сериско производство, Робертс ги демонстрираше можностите на велосипедот со трикови, кои не се според јачината на тркалото со традиционална шема.
Ако собере доволно средства, пронаоѓачот размислува да го пушти Hеlyx во прoдaжбa во текот на aприл следната година за цена од 395 фунти (468€). Попуст при предвремено порачување е 40% и велосипедот со контрола на две тркала ќе може да се земе и за 275 фунти (326€).