Ова е спортскиот автомобил на годината според AutoBild

ОБЈАВЕНО НА:

Иако на Alfa Romeo веќе цела деценија никако да му тргне, утехата италијанскиот производител ја има во бројните награди што изминатите години ги добива за дизајн и перформанси од еминтенти организации и магазини.

Големото портфолио на награди и признание Alfa Romeo го збогати со престижното признание на германскиот магазин AutoBild кој на моделот Stelvio му ја додели наградата за спортски автомобил на годината.

AutoBild оваа награда ја додели на моќната Quadrifoglio верзија која беше најдобра во конкуренција на дури 110 модели.

Покрај дизајнот, најголем придонес за тоа има моќниот 2,9 литарски V6 турбо-бензински мотор кој располага со 510 КС и 600 Nm обртни моменти. Со погон на сите четири тркала, овој модел до стотка забрзува за 3,8 секунди, додека пак максималната брзина која ја постигнува изнесува 283 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK