Ова е првиот град што забрани возење на дизелски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа одлука доаѓа откако во градот изминатиот период е забележан високо ниво на загаден воздух, а советот на градот едногласно го усвои овој план. Бристол е првиот британски град кој забрани влез на автомобили опремени со дизел мотори во поширокиот дел од градот.

Со оваа одлука во градот е воведена Clean Air Zona, зона во која дизелските автомобили нема да може да влегуваат во перидот од 07 часот наутро па се до 15 часот, односно во период кога е најголема гужва.

Оваа одлука стапува официјално на сила од 2021 година, а за да може да се контролира влезот и излезот ќе биде воведен т.н. ANPR (Automatic Number Plate Recognition) систем кој ќе овозможи автоматско вчитување на регистарските таблици.

Покрај Бристол, и неколку германски градови како што се Хамбург и Штутгарт донесоа вакви одлуки во текот на оваа и минатата година, меѓутоа разликата е во тоа што забраната се однесува на самиот, строг центар на градот, но не и пошироко.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK