Ова е новиот Hyundai i10 – малиот кореец станува уште посимпатичен

ОБЈАВЕНО НА:

На неколку денови пред саемската премиера закажана за на саемот во Франкфурт, Hyundai ги претстави официјалните фотографии од новата генерација на i10.

Новата трета генерација доаѓа со целосно нов екстериер кој во многу погледи е сличен во однос на индиската изведба на i10 која беше премиерно претставена ова лето.

Двобојната каросерија комбинирана со новите алуминиумски фелни прави дава овој автомобил стане многу посимпатичен во однос на актуеланта генерација, наметнувајќи се кај понежниот пол.

Hyundai i10

Овој автомобил доаѓа во продажба кон крајот на годината, а централно место ќе заземе 1,0 литарскиот трицилиндрен мотор со 67 КС во комбинација со пет степен мануелен менувач. Во понудата засега е познато дека ќе се најде и 1,2 литарскиот четири цилиндрен мотор од 84 КС.

Во внатрешноста се наоѓаат бројни препознатливи елементи на Hyundai како што е управувачот, отворите за клима, командите за автоматската клима и слично.

Тука е и бројанта напредна технологија како бежичното полнење на телефон, Android Auto и Apple CarPlay сервисите, системот за автоматско сопирање, системот за детекција на пешаци, системот за предупредување на напуштањето на коловозната трака и слично.

Hyundai i10

Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.

Со воведувањето на овој автомобил Hyundai конечно ќе ја освежи својата понуда на мали градски автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK