Ова е новиот Dacia Bigster!

ОБЈАВЕНО НА:

Романците од Dacia го претставија новиот Bigster. Овој сосема нов модел ќе биде прикажан пред јавноста на почетокот на следната недела, на саемот во Париз. Во пресрет на јавната премиера, сепак, Романците објавија фотографии од нивниот најнов модел.

Автомобилот се карактеризира со повеќе стил, со дизајн кој ги обезбедува најважното, силен и простран, со голем број дополнителни функции за најпребирливите клиенти, вклучувајќи двобојно решение за каросеријата и тркала од 19 инчи.

Автомобилот импресионира и со повеќе технологија, со електрифицирани погонски единици, со централен екран на допир од 10,1 инчи, со дигитална табла со инструменти и со електрична задна врата.

Во кабината има многу простор, извонредна поддршка на седиштата, оптимизирана изолација на бучава, двозонска клима со задни отвори, панорамски покрив што се отвора, електрично прилагодливо возачко седиште, како и мултимедијален систем со шест звучници и Arkamys 3D Sound. Да не го заборавиме и интелигентниот систем YouClip, кој Романците го лансираат и со своите други нови модели.

И тоа не е се. Bigster има поголем товарен капацитет, со простран багажник, модуларни шини на покривот и поделено задно седиште 40/20/40 за носење долги предмети со четворица патници во автомобилот.

Специјалистите на Dacia ветуваат и вистинска теренска способност и возење 4×4 за најпребирливите клиенти. Со новиот Bigster, Dacia останува доследна на своите вредности, обезбедувајќи најдобра вредност за парите во сегментот C-SUV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK