Рускиот производител на автомобили АвтоВАЗ го претстави својот нов производ од семејството Vesta. Варијантата доби додавка Sport кон моделното име и се одликува со нови браници, заден спојлер и спуштање на клиренсот од 16 мм.
Освен браниците и спојлерот, Lada Vesta Sport располага и со надуени крила, стилски дифузер одзади и има раздвоен издувен систем.
Аеродринамичките прагови и 17-инчни алуминиумски тркала го комплетираат екстериерниот дел на Lada Vesta Sport.
Шасијата на моделот исто така е преработена со цел подобро управување. Монтирани се специјални амортизери, додека сопирачкиот систем на спортскиот седан е подобрен.