Ова е новата перверзија на Крис Бенгл

ОБЈАВЕНО НА:

Осум години по напуштањето на BMW, тогашниот главен дизајнер на баварците, Крис Бенгл се враќа на сцената, а она што го има направено се смета како перверзија во светот на автомобилизмот. Велат дека само така може да се опише неговиот компактен електромобил, кој го носи името Redspace REDS EV.

Автомобилот кој Бенгл го изработи за марката Redspace, е во сопственост на кинеската државна компанија China Hi-Tech Group Corporation. За истата ова е прво искуство со производство на автомобили, но според Бенгл ова може да биде вистински пробив во светот на автомобилизмот.

Електромобилот е со должина од 2,97 метри, а ширината е 1,66 метри додека висината 1,75 метри. Автомобилот е адаптиран за четири патници, а во багажникот има простор за куфер и за детска количка. Може да развие брзина од 120 километри на час.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK