Ако имaте три можности да го погодите најскапиот SUV во светот тогаш сигурно меѓу вашите избори ќе беше Porsche Cayenne, Lamborghini Urus, Maserati Levante или некој од останатите германските и британски луксузни SUV модели.
Но реалноста е сосема друга. Епитетот “најскап” меѓу SUV возилата припаѓа, на не толку познатиот Karlmann King.
За да се најде на оваа позиција најзаслужна е продажната цена од 1,8 милиони американски долари што е далеку повеќе од Bentley Bentayga и Rolls Royce Cullinan. Овој модел е базиран на пикапот Ford F-550, а неверојатниот и несекојдневен дизајн на овој модел придонесува за тежината од 6 тони што воедно го прави и еден од најтешките SUV возила на денешницата.
Под хаубата се наоѓа моќен 6.8 литарски V10 мотор кој продуцира 400 КС, а максималната брзина изнесува 140 км/ч. Внатрешноста е повеќе од импресивна. Рачно изработениот ентериер во кој се наоѓа 4К HD телевизор, фрижидер, апарат за кафе, мал сеф и други бројни додатоци го прави Karlmann King навистина несекојдневно возило.