Според податоците од официјалните тестови на EuroNCap, најбезбеден автомобил од брендот на Peugeot е моделот 508 кој на првата позиција се најде убедливо пред другите модели на овој производител.
Францускиот производител минатата година го претстави моделот 508, а покрај технолошката револуција, овој модел ги содржи и последните достигнувања на PSA Групацијата во поглед и на безбедноста и сигурноста на патниците.
Со 96% во поглед на безбедноста на возачот и 79% во поглед на безбедносната асистенција, овој модел е убедливо побезбеден во однос на останатите.
Најдобро пласиран е и во поглед на безбедноста на пешаците со скор од 71%, а единствено во поглед на безбедноста на децата на задната клупа овој модел има послаб резултат само во однос на моделот Traveller.