Ова е можниот изглед на Mitsubishi Outlander

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од почетокот на годинава беше најавено дека Mitsubishi работи на новата, четврта генерација од моделот Outlander. Иако нема никакви официјални информации околу техничките карактеристики и можниот изглед, на интернет проструи рендер за можниот изглед.

Дизајнот е далеку по радикален споредбено со редизајн верзијата претставена во 2015 година, а при тоа доминираат предните дводелни светла. Сепак задржана е и дизајнерската филозофија и дизајнерскит елементи применети на моделот Eclipse.

Во поглед на димензиите овој модел треба да е идентичен како и актуеланта генерација претставена во 2013 година. Под хаубата најверојатно би дошол со стандардниот 1,5 литарски турбо бензински мотор кој во моментов е дел од неколку модели на јапонскиот производител

Премиерата се очекува да се случи следната година на саемот во Женева, а во производство се очекува кон крајот на следната година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK