Ова е можниот изглед на Mitsubishi Eclipse Cross

ОБЈАВЕНО НА:

Во исчекување на премиерата на обновениот Mitsubishi Eclipse Cross, рускиот сајт kolesa.ru објави рендер од можниот изглед на истиот.

Според рендерот, не треба да не очекуваат големи екстериерни измени. Предниот дел доаѓа со благо изменет браник и светла додека значителен е изменет задниот дел кој добива целосно нова форма, вклучувајќи ги новите LED светла и браник.

Подновениот Eclipse Cross ќе биде достапен и со plug-in хибридна верзија која веќе беше најавена на саемот во Женева во 2017 година.

Mitsubishi Eclipse Cross

Засега непознаница остануваат и техничките карактеристики, но се очекува во понудата централно место да заземе 1,5 литарскиот четирицилиндрен турбо бензински мотор со 163 КС кој и сега е дел од понудата на овој модел. Тука треба да биде и турбо-дизелскиот 2,2 литарски мотор со 148 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK