Ова е градот број 1 во светот со електрични автобуси

ОБЈАВЕНО НА:

Градовите од САД почнаа да покажуваат извесен ентузијазам во однос на електричните автобуси, а Њујорк веќе прави тестирања на овој вид на превозни средства за градски транспорт. Целта е да се намали вредноста на емисиите на штетни гасови во воздухот.

Од Лос Анџелес, пак, објавија дека ќе потрошат 36,1 милиони долари за електрични автобуси, а целта е градот да има целосно еколошки транспорт до 2030 година. Со тоа овој град се присоедини кон другите кои имаат големи планови за воведување на електрични автобуси, а тука се и Лондон и Париз. Конкретно главниот град на Франција има за цел до 2025 година да го користи целосно елекричен транспорт.

Во приказната се појави и Кина односно градот Шенжен. Метрополата која има 12,5 милиони жители уште минатата година стана првата која има исклучиво електрични автобуси. Тоа е значително постигнување особено ако се има предвид дека градот располага со дури 16.359 автобуси. Тоа е поголем број од збирот на автобуси од градовите Њујорк, Лос Анџелес, Њу Џерси и Чикаго.

Шенжен е градот кој предничи во однос на другите во Кина, а оваа земја има 385 илјади електрични автобуси, а во моментов на секои пет недели се доставуваат по 9500 нови електрични автобуси што е рамно на вкупната бројка на автобуси во Лондон.

Покрај ова Шенжен има и метро, но за поголемиот дел од населението кои се со ниски примања автобусите се единствена можност за превоз. Оттаму е и широката распространетост на автобусите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK