Ова е BMW М5

ОБЈАВЕНО НА:

Баварскиот бренд треба да спроведе презентација за новиот седан во следните денови, но официјално за да се одржи тензија. Надворешноста на автомобилот беше откриена на социјалните медиуми. Фотографијата на новото BMW M5 се појави на акаунтот на Instаgrаm нa Wilсоblоk.

Не така одамна германскиот производител на автомобили ја претстави рестајлинг верзијата на седанот BMW 5еr. Сега на ред е обновениот М5, кој како што може да се види на фотографиите е актуелизиран за слична шема. И така, како стандаден модел, обновениот BMW M5 се радува на нова решетка на ладилникот со брендирани зголемени „бубрези“. Оптиката исто така е нова со огиринални дневни LED светла.

Сменет е и предниот браник и местата за влез на воздухот. Јаглеродните влакна очигледно се користат за изработка на покривот на седанот. На фотографијата се гледа дека само предницата на обновената М5, а задната страна засега останува зад кулисите. Експертите очекуваат и таму да видат нов браник, преработени задни светилки, модифициран ауспухм дифузер и друго.

Во ентериерот на автомобилот ќе се појават спортски седишта, актуелизиран волан, подобрена мултимедија и нови асиснтенти за возачот. Што се однесува до моторите, според првичните информации, BMW M5 ќе го зачува турбо моторот со моќност од 600 коњски сили од обем од 4,4 литри, комбиниран со атоматска трансмисија и придвижување на четири тркала. За исполнување на  M5 Соmpеtitiоn ќе биде избран мотор со моќност од 625 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK