Отворен салон на Lamborghini – ама без автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini објави дека компанијата ја отворила првата официјална продавница во Јапонија, која е позиционирана во една од најскапите области на улицата Гинза во Токио. Но, посетителите баш и нема да можат да видат автомобили во внатрешноста на салонот.

И покрај неговата исклучително привлечна локација, сепак, новиот дом на легендарниот бренд на автомобили нема да продава автомобили, туку само производи од модната линија Collezione Automobili Lamborghini.

Collezione Automobili Lamborghini нуди пет машки модни линии – Event Suit, Classic, Casual, Vintage и Pilota Ufficiale – коментира дека секој од производите е создаден со идеја на решителен и корисник што знае што сака. Моделите се развиени во соработка со водечки производители на луксузни стоки и е внимавано на деталите и материјалите типични за автомобилите на брендот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK