понеделник, 25 август, 2025 година

Оценка нула за безбедност на патниците: Краш тест на автомобил чиј бренд е популарен и кај нас? (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Оранизацијата Glоbаl NСАP направи низа на краш тестови чиј интерес го претставува оној на автомобилот со десен волан Mаruti Suzuki S-Prеssо, наменет за индискиот пазар. Во директен судир, моделот доби оценка „нула“ за безбедност на патниците.

На иднискиот пазар Mаruti Suzuki S-Prеssо во основната верзија се нуди само со едно воздушно перниче. Другите заштити можат да бидат инсталирани во автомобилот со дополнително плаќање.

- Advertisement -

Експертите одлучија да ја тестираат основната мофицикација со цел да видат како автомобилот ќе се справи со челен судир со брзина од 64 километри на час. Судирот е со деформирачка бариера со 40 проценти.

За време на судирот со платформата и двете кукли, кои ги имитираат патниците на предните седишта, истите се здобиле со неколку повреди. И покрај фактот дека воздушното перниче се наоѓаше на страната на возачот, куклата на возачот удри со главата во колоната и сензорите регистирале голем притисок на градите, вратот и нозете.

Покрај тоа, Mаruti Suzuki беше оценет од Glоbаl NСАP за безбедност на деца на задното седиште. Експерите одбележаа дека стандардно не се монтирани детски седишта.

Според резултатите од тестот, експертите на Glоbаl NСАP му дадоа на Mаruti Suzuki S-Prеssо caмo два поени за безбедност на децата. Сепак, автомобилот доби нула оценка за безбедност на возрасни патници.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја