Купувањето на половен автомобил е секогаш ризик, а една од причините што никогаш со сигурност нема да знаете колку навистина вашиот автомобил минал километри. Постојано се подобруваат хакерските обиди да се заобиколат сите безбедносни системи и да може полесно да се врати километражата, па наместо милион, да бидете задоволни со неколку стотина илјади километри.
Од 1 септември новите автомобили треба да нудат повисоко ниво на заштита од манипулација со километражата. Одобренoто од ЕУ со број 2017/1151 предвидува техничко уредување за справување со проблемот што е распространет низ целиот свет.
Во моментов нема реално интегрирано решение против враќањето на километражата Според податоците на полицијата само во Германија со манипулирана километража има над 2 милиони автомобили годишно.
Се уште не е утврдено точно како технички ќе биде решено прашањето кај новите автомобили. Според ADAC заштита треба да биде потврдена од независна организација како што Федералната служба за безбедност во инфотички технологија (BSI) со седиште во Бон.
ADAC инсистира со години за користење на т.н.. Hardware Secure модули. Тие веќе се интегрирани во електрониката на многу автомобили, но досега не се активирани од производителите. Со новата уредба тоа би можело да се промени. Во секој случај, сепак, додека на пазарот за користени автомобили биде воведена безбедност во однос на километри на инструмент таблата, ќе поминат многу години.