Откриена внатрешноста на Honda E

ОБЈАВЕНО НА:

Honda периодов значаен дел од своите ресурси ги насочи кон развојот на првиот целосно електричен автомобил Honda E.  Во таа насока, а во пресрет на премиерата на продукциската изведба закажана за во Франкфурт во септември, јапонскиот производител ја откри внатрешноста на овој модел.

Од она што може да се види станува збор за комбинација на ретро дизајн со современа технологија што прави да внатрешноста изгледа фантастично. Централносто место го зазема големиот дигитален екран на кои се сместени сите показатели за возењето, но и преку кои се контролираат бројните опции кои ги нуди овој автомобил.

Претходно Honda обелодени дека овој автомобил ќе дојде со камери наместо традиционалните ретровизори, а познато е дека овој модел ќе има автономија од 250 до 350 км со едно полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK